Откако дефинитивно се раздели од Ријана, Крис Браун повторно се врати на неговата претходна девојка Каруче Трен. Девојката која беше неизбежен дел од овој љубовен триаголник кој постојатно ја разбрануваше јавноста, на крајот покажа дека не била таа личност како што ја претставуваа медиумите, како онаа „другата“.
Имено, само три недели откако објавија дека врската меѓу Ријана и Крис Браун пукнала, тој беше забележан во друштво на неговата претходна девојка, 25-годишниот модел Керуче Трен. Дека нивната врска станува се поцврста сведочи и фотграфијата на Инстаграм која ја објави близок пријател на пејачот, под која напишал „Нема пријателство без љубов!“.
Како што Крис Браун изјавил во јавноста, тој ја прекинал неговата врска со Ријана бидејќи не бил подготвен да се однесува како оженет човек уште сега. Според нивните блиски извори, Ријана сакала постојано да го држи Крис „на ланец“.