Чао магија: разоткриени најголемите магионичарски трикови

Најголемите магионичарски трикови, кои со децении ја фасцинираа публиката ширум светот, најпосле се разоткриени.

Вал Валентино, познат како Маскираниот магионичар, ги откри сите тајни на овој занает во емисијата со име „ Конечно, разоткриени такните на магионичарските трикови“.

Емисијата во прво време беше емитувана на американската телевизија Fox, а потоа на Sky, ITV и МуNetworkTV, а во моментов се емитува на BIO.

По емитуваната прва епизода, Валентино доби закана за смрт, но никој не го открил неговиот идентитет бидејќи од безбедносни причини носел маска за време на снимањето.

Валентино и се претстави на јавноста во четвртата епизода и објасни дека му било желба да ги поттикне децата да го откриваат „светот на магијата“, додавајќи дека не е магијата во тајните, туку во изведбата и настапот.

Валентино исто така сакал да ги мотивира магионичарите да осмислат нови трикови, и да не ги рециклираат оние кои се стари неколку децении.

- Реклама -