Чак Норис против комунизмот

from-rupert-grint-to-chuck-norris-who-are-the-best-redheads-in-movies-647271[1]

Ирина Нистор важи за „најпознатиот глас во Романија, по Чаушеску“. Многумина ја сметаат за херој, иако не го знаат нејзиниот лик.

Во 1980-тите, додека земјата се наоѓаше под комунистички режим, Ирина Маргарета Нистор работеше како преведувач на романската национална телевизија. Но, во слободното време, таа тајно и аматерски преведуваше и натсинхронизираше филмови, увезени и прошверцувани на VHS видео касети од западните земји, пред се САД. Вкупно има преведено над 3000 забранети филмови.

Касетите брзо се раширија низ Романија, и тоа во време кога беше екстремно тешко да се најде видео-рекордер, а камо ли VHS филм со Чак Норис, Ван Дам, Арнолд Шварценегер или Силвестер Сталоне.

„По некое време почнавме да се прашуваме зошто сите филмови и сите ликови ги глуми еден ист женски глас“, вели еден од прашаните во документарецот Chuck Norris vs Communism (2015).

Илегалната работа на Ирина е за сериозен восхит (шверц и дистрибуција на „империјалистички“ филмови), но и доказ дека во најтешките мигови, потребата од забава и нови видици е поголема од било кога. Нејзиниот подвиг успеа да ја одржи присутна во тајноста на романските домови, но во исто време и им подари на Романците прозорец кон светот во кој можеа да ѕирнат како се живее надвор од нивното секојдневие и тешкотиите низ кои минуваа.

Погледнете дел од VHS vs. Communism на The New York Times:

- Реклама -