Чернобил ќе стане туристичка локација

Чернобил од ПрипијатАко сакате подобро да ја разберете најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, тогаш посетете ја нуклеарната електрана Чернобил. Почнувајќи од следната година Украина планира да ја отвори забранетата зона околу реакторот број 4 во Чернобил за туристи.

Реакторот број 4 експлодирал на 26 април 1986 година, по што радијација се прошири врз голем дел од источна и северна Европа. Таканаречената „Зона на исклучување“, радиус од 48 километри околу реакторот, била евакуирана и затворена. Посетите на оваа зона биле забранети. Денес, околу 2500 вработени ги одржуваат остатоците од сега затворената електрана, работејќи на смени за да ја минимизираат изложеноста на радијација. Неколку стотици евакуирани цивили се имаат вратено во своите села во регионот и покрај забраната. Неколку компании дури и нудат тури на забранетата зона, но владата на Украина вели дека тие тури се нелегални и безбедноста на туристите не е гарантирана.

Претставник на владата, Јулиа Јершова, вели дека во моментов експерти работат на развивање на маршрути низ забранетата зона кои ќе бидат безбедни од медицинска гледна точка, и информативни за украинските и странски туристи. Таа не го откри точниот датум на кој овие тури ќе започнат. Предводникот на Програмата за Развој на ООН, Хелен Кларк, била на прошетка низ електраната во Чернобил и вели дека го подржува планот бидејќи на тој начин покрај тоа што ќе бидат собрани финансиски средства, ќе може и да се пренесе важна лекција за нуклеарна безбедност. „Лично јас мислам дека постои можност да се раскаже оваа приказна, а процесот на раскажување на приказна, дури и тажна приказна, е нешто што е важно во пренсувањето на важна порака“ изјавила Кларк.

Претставниците на владата на Украина исто така рекле дека се надеваат дека реакторот ќе биде затворен во нов, побезбеден саркофаг до 2015 година. Новата школка ќе ја покрие оригиналната структура од железо и бетон која набрзина била изградена во 1986 и која пропушта радијација и е во опасност од распаѓање. Новиот саркофаг е висок 105 метри, широк 260 метри и долг 150 метри, тежи 20000 тони и ќе биде поставен врз стариот со помош на систем од шини. Новата структура ќе биде доволно голема за во неа да може да се вметне катедралата Нотр Дам во Париз или Статуата на Слободата од Њујорк.

Цената на овој проект, кој е финансиран од меѓународни донации, пораснала од 380 милиони евра на 870 милиони евра поради строгите безбедносни побарувања. Според Европсаката Банка за обнова и развој, која го менаџира овој проект, конечната проценка на цената ќе биде откриена откако конзорциумот Новарка предводен од Франција ќе го финализира планот за иградба во следните неколку месеци. [Ukraine to open Chernobyl area to tourists in 2011]

- Реклама -