Цените на дизелот и екстра лесното гориво се зголемија за 2 денари, додека бензините остануваат непроменети.

2

Од вечерва на полноќ, цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари. Цените на бензините остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

Од 28 февруари 2026 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат следниве:

Реклама

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 73,50 денари/литар
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 75,50 денари/литар
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 71,00 денари/литар
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 70,00 денари/литар
– Мазут М-1 НС: 34,520 денари/килограм

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се зголемат за 2,00 денари/литар. Сите малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на мазутот М-1 НС, остануваат исти.