Авиокомпанијата „Samoa Air“ е прва компанија во светот која цените на картите ги дефинира во однос на тежината на патникот и багажот, а својата одлука ја брани со решавање на проблемот со дебелината.
„Наплатаta по килограми“ почна на крајот на март и тоа на летовите до Американска Самоа. Системот функционира така што патниците при купување на карта ја наведуваат својата тежина и тежината на багажот, кои дополнително се проверуваат на аеродромот.
„Тоа е најправеден начин на патување“, изјавил Крис Ленгтон, претседател на „Samoa Air“.
На најкратките летови патникот плаќа долар по килограм, додека таа цена за подолги летови може да изнесува и до четири долари.
Ленгтон тврди дека на овој начин компанијата се бори против дебелеењето затоа што Самоа е една од најзагрозените пацифички земји кога станува збор за овој проблем.