Челзи во потрага по нов напаѓач

Менаџерот на Челзи, Роберто ди Матео е цврсто решен да ги искористи големите финансиски ресурси на сопственикот на клубот, Роман Абрамович и да ги засили своите редови со уште еден напаѓач до крајот на преодниот рок, 31. август.

Прва мета на тимот од Стемфорд Бриџ е Уругваецот Единсон Кавани, проценет на 35 милиони евра. Долго се преговара со играчот на Наполи, но пречка за договор е неговата желба за неделна плата од 150.000 фунти.

Доколку преговорите со Кавани не успеат тогаш следна цел е Бразилецот Хулк кој е уште поскап, а откупната вредност на неговиот договор изнесува 80 милиони фунти.

Иако неговите планови веќе се познати во јавноста, Ди Матео сè уште останува воздржан во однос на засилувањата: „Не знам дали ќе има нови засилувања. Како и да е, малку сме ’тенки’ во нападот“ вели Италијанецот.

- Реклама -