Како што се приближував до Ниш, имав набој на емоции. Се обидов да ги запрам солзите и во моментот кога ја пеев „Кукавица“ тие сами течеа, изјавила Цеца.
По концертот што Цеца Ражнатовиќ го одржа во саботата во Ниш најмногу се зборуваше за моментот кога пејачката заплака додека го пееше хитот „Кукавица“. Почна да се зборува дека таа заплакала затоа што се сетила на нејзиниот покоен сопруг Аркан меѓутоа таа за „Наше новине“ откри дека ја понеле емоциите поради враќањето во родниот крај каде што одамна не настапувала.
„Како што се приближував до Ниш, имав набој на емоции. Тоа не може да се опише со зборови. Кога застанав на бина, се обидов да ги запрам солзите и во моментот кога ја пеев „Кукавица“ тие сами течеа. Едноставно, не можев да пејам, а да не плачам. Плачев затоа што после толку години настапував во мојот крај, пред толку прекрасни луѓе кои секогаш се покрај мене. Плачев и драго ми е заради тоа“, рекла Цеца.
Цеца инаку е родена во Житораѓи, село оддалечено околу 35 километри од Ниш.