Синот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, 17-годишниот Вељко, и неговата девојка Марина Зечевиќ објавија на Фејсбук дека се свршени.
Тие се заедно подолго време, иако таа живее во Виена, а ова лето биле заедно на одмор во Будва.
„Сите гледајте ме на криво, лутете се, замавнувајте со главата, сеедно ми е, тука сум, не се откажувам од врската, распнете ме ако сакате за оваа љубов, зар се може против неа“, е само еден од статусите на Фејсбук профилот на идната снаа на Цеца.
А што мисли идната свекрва за ова:
„Пу, пу, рано е уште. Вељко се занимава со спорт, музика, глума и моментно не се пронаоѓа. Има време за свадба, рано е да бидам свекрва“, рекла Цеца за српски „Курир“.