Со тачскрин тастатура и интерфејс, iPad прави големи чекори кон елиминација на печатење и пишување. Но сега Casio покажува нова визија со Paper Writer таблетот.
Casio гледа иднина во која рачно напишаните белешки и таблетите живеат едни крај други во совршена хармонија. Кога ќе стане достапна во септември (цената сè уште не е одредена) ќе има четири модели, но што се однесува до технолошкиот аспект, таблетите се доста стандардни со процесор од 1.5GHz, еден гигабајт RAM, и 16GB меморија.
Bluetooth 4.0 и NFC/RFID подршка се значајни додатоци но она што ќе ги направи Paper Writers навистина уникатни се предната камера која ќе може да дигитализира рачно напишани белешки, документи па дури и визит карти користејќи го дизајнот инспириран од тефтер.
Таблетот ќе им овозможи и на оние кои се чувствуваат поудобно со пенкало и хартија да користат дигитално пенкало директно на екранот и за навигација низ интерфејсот и за составување белешки. Овој таблет ќе се појави во септември во Јапонија но сè уште не е јасно кога или дали воопшто ќе биде достапен во остатокот од светот. [Casio Paper Writer tablets merge the best of both worlds]