Пишува Срѓан Ивановиќ за „Слободен печат“
Тоа што ме фpaпираше не се изнесените дoкaзи поврзани со наводното рекетирање, туку признанието за крајот на едно повеќегодишно пријателство. Да бидам прецизен, пријателство што траело цели 17 години и сега под мистepиозни околнocти напрасно престанало да постои, како да е балон од сапуница.
Јавноста во Македонија деноноќно ги следи случувањата поврзани со судските случаи „Рекет“ и „Рекет 2“, обидувајќи се дознае дали се вистинити обвинувањата против Бојан Јовановски и Катица Јанева, кои наводно се на самиот врв од рекетарската криминална банда, која изнудувала пари од богати бизнисмени.
Реков јавноста е заинтересирана за овие случаи, но јас и не баш. Всушност, сакам да кажам дека и јас ги следам извештаите од судските расправи, но тоа што ме фрапираше не се изнесените дoкaзи поврзани со наводното рекетирање, туку признанието за крајот на едно повеќегодишно пријателство. Да бидам прецизен, пријателство што траело цели 17 години и сега под мистериозни околности напрасно престанало да постои, како да е балон од сапуница. Расте, се шири и напрасно се распрснува. Да, такво било пријателството на Лила Филиповска, неспорната водителска дива од ТВ екраните и инфлуенсерка, со Бојан Јовановски, наречен Боки 13, кој можеме за оваа прилика да претставиме како неспорен див од ТВ екраните, водител, учесник во реални шоуа, инфуенсер и хуманитарец. Двајцата биле другарчиња цели 17 години. Нераздвојни. Нивното другарство било толку силно што Лила неколку пати му позајмила пари на Боки и тоа онака во „кога ќе имаш ќе ми вратиш“ варијанта, а во една пригода донирала 25 илјади евра за неговата телевизија. Всушност, „1 ТВ“ не е телевизија на Боки, бидејќи тој никогаш не беше впишан во Централниот регистар како сопственик или барем како управник, но и покрај тоа Лила Филиповска – ептен најголема другарка на свет – ја донирала споменатата сума на телевизијата, која е еквивалентна на пет годишни приходи на едно просечно македонско семејство. Значи до толку му била другарка на другарот!
Врв на нивното другарство ми е нејзиното признание, дека пред да биде уапсен Боки, тие се упатиле на одморот во Миконос. Не знае кој го платил одморот, но за секој случај понела пари. Значи, треба да одиш на најскапиот грчки остров на летување и не знаеш кој ти го платил аранжманот… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.