Шеста година по ред, на јубилејниот 15-ти фестивал на европскиот филм – CINEDAYS, повторно на репертоарот ќе се најде омилениот режисер на публиката Вуди Ален, со неговиот последен филм „Café Society“. Café Society, меѓу другото, ќе биде токму филмот што ќе го отвори претстојното 69-то издание на Канскиот филмски фестивал.
Филмот раскажува приказна за еден млад човек кој пристигнува во Холивуд во раните триесетти години, надевајќи се дека ќе работи во филмската индустрија, се вљубува, и се наоѓа себеси во еден вибрантен свет кој го одбележува духот на раниот 20 век во Америка.
Главни актери се двете млади холивудски ѕвезди – Кристен Стјуарт и Џеси Ајзенберг, кои во филмот се рамо до рамо со веќе етаблираните холивудски актери како Блејк Лајвли, Паркер Пози и Стив Карел.
Покрај Café Society, СИНЕДЕЈС најавува и жешка програма со сите големи имиња од авторскиот филм, чии дела ќе излезат во текот на оваа 2016 година.