Летните горештини тешко ги поднесува и Анреја Пејиќ, која на Инстаграм со секси слика покажа како се разладува.
Познатата транссексуална манекенка со српско потекло објави фотографија на која гледаме дека таа спие целосно гола, покриена само со бела покривка.
„Време е за одмор“, напишала таа кратко на Инстаграм, а сликата „заработи“ голем број „лајкови“ и позитивни коментари. Така, фановите и испратија порака дека е како заспаната убавица, и дека изгледа совршено, а доби дури и понуда за брак.
Инаку, Андреја имаше бурен викенд, бидејќи таа се појави како специјален гостин на концертот на пејачката Тејлор Свифт во Чикаго.
Додека таа ја изведуваше песната „Style“, таа на големата сцена за момент се претвори во модна писта на која се шетаа манекенки, меѓу кои и Андреја. Девојките одлично се забавуваа, за што сведочат и фотографиите, а Тејлор и се заблагодари на Андреја за гостувањето.