Бурито

Денеска ве водиме во Мексико. Ако сте љубител на зачините и месото, буритото е совршен рецепт за вас. Научете како се прави.

Состојки: 300г свински бут, 300г пилешко филе, 1 главица кримид, 1 чешне лук, 1 смрзната мешавина зеленчук, 200г кечап, 1 пакување тортиљи, сол, бибер, вегета, толчена црвена пиперка, оригано, свеж магдонос

Подготовка: Месото исечете го на коцки. На зејтин испржете ги кромидот и лукот додека не омекнат. Додајте го месото и динстајте, додека месото не порумени. Додајте ја мешавината од зеленчук и кечапот.

Додајте ги зачините и гответе додека зеленчукот не се зготви, а отприлика околу половина час.

Во тефлонско тавче на суво испечете ги тортиљите од двете страни.

Потоа замотајте ги во цврст фишек и наполнете ги со смесата.

Добар апетит!

- Реклама -