За земја која што е позната по ексцентричната култура и иновативните јадења, веројатно не е чудно што во менито на синџирот Burger King во Јапонија може да има вакво изненадување.
Туристите, на кои им претстои да го посетат Токио во септември, сепак, можат да останат малку шокирани од новиот предлог на компанијата. Новиот Kuro Burger (kuroi на јапонски значи „црн”) ќе се нуди во ограничен временски период. Она што не може да се пропушти при овој нов чизбургер, е дека лепчињата му се во црна боја, како и сирењето и сосот, што го создаваат овој „црн хамбургер.”
Лепчињата се обоени со бамбусов јаглен, а кон кечапот, кој што вклучува уште кромид и лук во прав во основата од сос од соја е додадено мастило од сепија. Парчиња сирење исто така содржат бамбусов јаглен, а при изработката на говедски хамбургери е користен бибер.
Kuro Pearl хамбургерот кој што вклучува сирење и сос, ќе се продава за 480 јени (4.49 долари), додека Kuro Diamond, кој вклучува повеќе салата, домат, кромид и мајонез, ќе чини 690 јени (6,45 долари) .
Црниот хамбургер е претставен за прв пат во 2012 година, но сега кон него се додадени некои подобрувања како црното сирење и сос. Новиот производ ќе се нуди до почетокот на ноември.