Бура на Тенерифе, бранови до трети спрат (ВИДЕО)

Снежната бура над Атлантикот доведе до евакуација на 39 лица од неколку згради на самата обала на северниот брег на најпознатиот и најголемиот меѓу Канарските острови – Тенерифе. Како што покажува снимката на извесен Нелсон Акоста, брановите предизвикани од бурата достигнувале и до третиот спрат на зградите и рушеле сé пред себе, вклучувајќи и балкони.

 

- Реклама -