Букурешт „гори“, му се случува Македонија (ВИДЕО)

Ќе дочека ли Македонија денес да заигра на Европско првенство? Сѐ уште не се знае, бидејќи како што тргнале македонските навивачи, стадионот може да го срушат уште пред да почне мечот. Букурешт, имено, се тресе од македонската фаланга. Како што пренесува „Канал 5“ (и нивниот известувач Бранко Илиевски од „dribling.mk“), атмосферата во главниот град на Романија, каде што се сместени нашите навивачи, е неверојатна! Ечат македонски навивачки песни, а градот „гори“ од црвено-жолти факели. Погледнете ТУКА и ТУКА.

- Реклама -