Бугарското обвинителство категорично отфрла дека се работи за терористички акт или дека имало туби со нафта

Најверојатната причина за несреќата со автобусот на „Беса Транс“ што бугарското обвинителство ја истражува и кон која најмногу се фокусира е човечка грешка – изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба – Борислав Сарафов.

Тој потенцираше дека обвинителството, врз основа на досегашните анализи, категорично ги отфрла теориите за некаков терористички акт или туби со нафта како можна причина за трагедијата.

„Прво испрашани се двајца од патниците во автобусот кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница“, изјави Сарафов.

„Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт“, изјави Сарафов.

Истражителите не нашле докази за експлозија. Работниците во каменоломот (кој се наоѓа во блзиина на местото на несреќата) го слушнале ударот на автобусот во првата заштитна ограда на островскиот простор. Има пат на кочење, што значи дека возачот реагирал пред да удри во заштитната ограда. Но, не е јасно зошто скршнал десно и удрил во оградата. Било темно и се препоставува дека возачот се збунил со знакот за чешма. При ударот во оградата автобусот скинал девет столбчиња кои при увидот биле најдени под предниот дел на возилото, каде е сместен резеравоарот за гориво. Од ударот предната врата излетала, но таму избувнал пожар, додека средната врата преку која патниците се обиделе да избегаат била блокрана од заштитната ограда.

„Техничкото вештачење на автобусот ќе го вршат најдобрите стручњаци, а со противпожарното вештачење ќе се утврдуваат причините за поижарот. Уште едно сеопфатно вештачење ќе даде одговор на прашањето зошто автобусот ја напуштил траекторијата на патот и како дошол до смртоносниот исход, објасни шефот на националната истрага.

Извор: МИА

- Реклама -