Бугарското МВР нема информации дека Палевски се наоѓа во земјата и дека има меѓународна потерница по него

Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје“.

„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.

БТА потсетува дека доцна синоќа три лица беа приведени за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец. Информацијата дека осомничениот за убиството Љупчо Палевски е во Бугарија ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ
- Реклама -