Бугарските граѓани кои деновиве ќе ја посетуваат Македонија да ги почитуваат соопштенијата за зголемен ризик од терористички напади, порачува бугарското МНР до своите граѓани.
Бугарското МНР се повикува на укажаното од бугарската амбасада во Скопје, која ги известила дека во петокот на 15 февруари, околу 20 часот, македонското МВР издало соопштение за полициска акција во врска со намери и планови за извршување на терористички акти на територијата на Северна Македонија, од страна на радикални структури поддржувачи на Исламска Држава. Бугарското МНР ги повикува бугарските граѓани да ги почитуваат предупредувањата, меѓу нив и тоа од американската амбасада во Скопје.