Бугарските фолкерки го молеле Жељко за песна, а тој ги одбил сите

Веднаш по објавувањето на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Софија на 20 март, виртуозот на балканската музика бил буквално затрупан од понуди за работа со познати  поп-фолк пејачки од бугарската естрада, пренесуваат  медиумите на источниот сосед.

Талентираниот српски пејач и композитор сепак ги отфрлил сите понуди, иако некои од наведените познати личности му понудиле вселенски хонорари, за да им напише песна од рангот на “Ljubavi” и “Lane моје”. Како што сите знаеме, освен што е исклучителен вокалист, Јоксимовиќ е композитор на некои од најголемите хитови на различни изведувачи во Србија, Босна и Македонија во текот на последните години . Работата со него е гаранција за огромен успех на музички листи.

„Би работел само со една ваша изведувачка и таа не е од поп-фолк жанрот” – вели Жељко. „Има една бугарска пејачка, која што ја следам веќе некое време и ми се допаѓа навистина многу.”

Жељко одбива да открие повеќе детали на оваа фаза, но сепак прецизира дека веќе се поврзал со предметната ѕвезда и лично и упатил предлог за заеднички проект. Дали сепак таа потврдила и каков е резултатот од заедничката работа, ќе стане јасно на 20 март во Софија. 

- Реклама -