Бугарски политиколог: Договорот со Македонија на Бугарија ѝ беше наметнат од надвор

„Македонија нема апсолутно никаква намера да го исполнува договорот со Бугарија. Тој беше потпишан за да ѝ се отвори патот за членство во ЕУ и НАТО“, категоричен е бугарскиот политиколог Стојчо Стојчев во интервју на бугарска телевизија. „Суштински прашања беа препуштени на комисија за која не се знае јасно како работи. Две години подоцна, гледаме дека има пpoвокации и cкандaли“, вели тој.

Тој тврди дека има силен надворешен притисок за пристапување на Северна Македонија во евроатлантското друштво.

„Зошто Бугарија се согласи да ја игра оваа игра, кога веќе толку години издржавме? Зашто, прво, имаше притисок од надвор – притисок и од САД и од ЕУ да се деблокира оваа тема, зашто тоа го стопираше патот на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ од безбедносен аспект. Второ, бидејќи Владата се подготвуваше за Европското претседателство и ѝ требаше некаков голем надворешен успех. Односно, требаше да се скрши мразот по ова прашање за време на бугарското претседателство“, констатира тој.

 

- Реклама -