Бугарски аналитичар: Народот на Северна Македонија очекува конструктивен став од Бугарија, а не зaкaнувaчки прст

Бугарски национален интерес во однос на Република Северна Македонија е нејзината независност, територијален интегритет и целовитост. Бугарскиот национален интерес ќе биде дополнително осигуран кога Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ и сојузник на Бугарија во НАТО, за двете држави заедно да се спротивстават на причинителите на нивните национални катаcтpoфи, кои и денес претставуваат егзистенцијална зaкaна за стабилноста на регионот, порачува невладината тинк-тенк организација на поранешниот заменик-претседател на бугарската ГЕРБ – Цветан Цветанов, Евро-атлантскиот центар за безбедност, во својот став за евентуалната блокада од страна на Бугарија за почетокот на преговорите на земјава за членство во Европската унија.

„За првпат по 1918 година, геополитичката ситуација дозволува Република Бугарија и Република Северна Македонија да бидат дел од заедничка политичка заедница, базирана на вредностите на демократскиот свет и евро-атлантизмот. Како Бугари не е добро да ја пропуштиме таа шанса. Народот на Северна Македонија очекува од Бугарија конструктивно однесување, а не заканувачко мафтање со прст“, оценува Цветанов.

„Противниците на тој процес, од двете страни на границата, во текот на годините изградија своевиден ‘Балкански’ ѕид меѓу двете држави, кои споделуваат заедничка историја. Така тие допринесоа единствено за своите политички кариери и за интересите на силите надвор од Скопје и Софија.

Едноставното политичко равенство покажува дека ултимативен тон од страна на политичката елита во Бугарија носи сериозни ризици за интересите на нашата земја, на Република Северна Македонија, но и на нашите сојузници и партнери од Европската унија и НАТО:

Во меѓународните односи: Таквата реторика води до ослабнување на улогата на Бугарија како фактор на стабилност и како лидер во регионот. Очигледен е и недостатокот на политичка визија за развивање и подобрување на меѓудржавните односи на основа на долгоочекуваниот и меѓународно признатиот за успешен – Договорот за добрососедство. Политичарите би требало да ја олеснуваат работата на заедничката комисија за историски и образовни прашања, а не да ја усложнуваат со цел внатрешнополитички поени. Самиот факт што Гоце Делчев се чествува само во Република Бугарија и Република Северна Македонија ја покажува категоричната волја и мисла на народите, но и бара политичари кои ќе му го следат делото.

Бугарското општество треба да е целосно уверено дека во процесот на преговорите за членство во ЕУ, Бугарија располага со доволно инструменти при отворањето и затворањето на преговорните поглавја, да ја управува заштитата на своите национални интереси. Но, ако во моментов помогне за предизвикување на политичка криза во Скопје, тој интерес ќе биде сериозно наклонет кон државите ривали.

Прочитајте и:  ОЛАФ започна истрага: „Ребрендирана“ руска нафта од Турција и Бугарија се увезува во ЕУ заобиколувајќи ги санкциите

Геополитички: Таквата ултимативна позиција на Бугарија доаѓа во очи посетата на државниот секретар на САД – Мајк Помпео, во регионот и конкретно во Скопје. Како цел на дипломатската турнеја се наведува борбата со зголеменото руско влијание во Западниот Балкан. Усилбите на ЕУ и НАТО со започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија се најмногу со цел стабилизирање на Западниот Балкан и ослабнување на силите кои ја ставаат безбедноста на регионот под знак прашање. Со таквиот ултимативен тон Бугарија дава сигнал дека не е интегрален сојузник кој ги поддржува иницијативите на ЕУ и САД во регионот, кои иницијативи се категорично во бугарски интерес.

Внатрешнополитички во Северна Македонија: Таквата позиција дава поддршка на европските сили во Република Северна Македонија, кои ефективно го одложуваат започнувањето на преговорите на Северна Македонија со НАТО од 2006 година. Тие политички актери добиваат неочекувана, за публиката, поддршка. Таа поддршка претставува закана за постоењето на актуелната влада на Зоран Заев, која ги потпиша историските договори за добрососедство со Бугарија и за името со Грција, отворајќи го евро-атлантскиот пат пред Северна Македонија.

Внатрешнополитички во Бугарија: Вакви ултимативни позиции се логични во предизборен период, но остануваат неразбирливи и опасни од гледна точка на бугарскиот национален интерес. Целосно сме свесни и се противиме на злоупотребата на нашата историја од Титовата анти-бугарска пропаганда во Македонија, но сметаме дека постојат други инструменти со кои таа може да биде поразена во претстојниот процес на преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Држењето до бугарскиот национален интерес подразбира одговорно однесување кон минатото, но и иднината на нашиот народ. Сто години по потпишувањето на болниот Нејски договор, бугарското општество треба јасно да прецени како да не дозволи нашата земја да западне во слична на тогашната меѓународна изолација“, се вели во ставот на Цветанов, односно Евро-атлантскиот центар за безбедност.

- Реклама -