Бугарија увезува работници и од Индија и Виетнам

Бугарските работодавачи бараат од државата да им овозможи увоз на работна сила од Индија, Виетнам и други земји надвор од ЕУ на период од најмалку две години. Во моментов тоа е возможно само на една година.

При вработување на работници од далечни земји, на пример од Индија или Виетнам, транспортните трошоци до Бугарија сериозно влијаат на финансискиот товар врз плеќите на бугарските работодавци, па за нив би било поповолно ако тие трошоци се распределат во подолги временски интервали, образложуваат тие.

Нивниот страв е дека ќе останат без работници. Во 2016-та година во пензија отишле 107.078 Бугари, а во 2017-та година средно училиште запишале само 54.346 ученици.

Прочитајте и:  Реакција на медиумите од соседството за протестите во Бугарија за претставата режирана од Џон Малкович

Од 1 јануари до 30 ноември минатата година, Бугарија издала вкупно 3.275 „сини“ дозволи за работа за странци од земји надвор од ЕУ. Најмногу се од Србија, Украина, Турција, САД и Русија, ама дозволи добиваат и сé повеќе Индијци и Кинези. Се разбира, меѓу сите овие се и Македонците.

Стапката на невработеност во Бугарија изнесува 5.9%.

- Реклама -