Бугарската партија „Има Такoв Народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го врати мандатот за формирање влада по неуспешниот обид за формирање стабилна владејачка коалиција, со што Бугарија се приближи до седмите избори во последните три години.
ИТН, која беше само шеста по бројот на освоени гласови на изборите на 8 јуни, освојувајќи само 16 од 240 пратенички места, на 29 јули доби мандат да формира влада, откако водечката централно-десничарска партија ГЕРБ и реформистите ПП не успеаја да формираат влада.
Радев сега треба да назначи вршител на должноста премиер и во следните два месеци да распише избори, седми од 2021 година.