Бугарија очекува рекорден број македонски туристи

main2[1]

Рекорден број македонски туристи се очекуваат оваа година во Бугарија.

Бугарите очекуваат дека оваа година земјата ќе ја посетат 15% повеќе Македонци во споредба со минатата година, кога имало 506.000 македонски туристи. Велат дека е сосема реално да се очекува на крајот на 2016 година бројката да достигне 600.000, наведува МИА.

Само во првите шест месеци од годинава бројот на македонски туристи е веќе пораснат за 15%, во споредба со истиот период лани.

Во моментов, и нашите и бугарските туроператори преговараат заеднички проекти за привлекување на туристи од Далечниот Исток, особено од Кина, Виетнам и Јапонија. Овие пак, бараат комплексни туристички услуги за регионот, така што во најскоро време се очекува двете земји да понудат заеднички пакет понуди за Бугарија, Македонија и Албанија со посети како на културни, така и на рекреативни атракции. Во пакетите ќе бидат вклучени посети на винарии и лозови насади, на морски и планински одморалишта, езера, манастири, кулинарски туризам.

Тесната соработка на туроператорите значи и поголем проток на туристи меѓу двете земји.

Извор: профит.бг

- Реклама -