Почнувајќи од денеска, границата на Бугарија се отвора за македонските државјани кои патуваат за туристички цели. Условот е да прикажат негативен ПЦР тест за коронавирус, не постар од 72 часа.
Како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, со одлуката се опфатени и граѓаните на Србија, Албанија, Косово, БиХ, Црна Гора, Украина, Молдавија, Израел и Кувајт. Оваа одлука, велат, е по барање на бугарските туристички работници.
Без ПЦР тест, а и без 14-дневен карантин, во Бугарија можат да влезат државјаните на ЕУ членките, како и на Велика Британија, Северна Ирска, земјите од Шенген зоната, како и од Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис и Источна Република Уругвај.