Будилник кој дефинитивно ќе ве разбуди (видео)

alarmСте легнале доцна а треба да станете рано – секако сте го наместиле алармот на вашиот будилник. Но ако сте барем малку како мене во моментот кога тој ќе се огласи знаете во два потега да ги исклучите сите аларми кои сте ги наместиле. Не е добро решение нели? Веројатно од истата причина Николас Пол Џонсон си направил свој будилник, каков немате видено до сега. 

Сте легнале доцна а треба да станете рано – секако сте го наместиле алармот на вашиот будилник. Но ако сте барем малку како мене во моментот кога тој ќе се огласи знаете во два потега да ги исклучите сите аларми кои сте ги наместиле. Не е добро решение нели? Веројатно од истата причина Николас Пол Џонсон си направил свој будилник, каков немате видено до сега.

Овој будилник нема да ве остави на раат додека не решите математички проблем, а вадењето на батериите како прва опција која ќе ви падне на памет во моменти кога се што сакате е да продолжите да спиете не доаѓа во предвид бидејќи за да пристапите до истите треба да станете и да побарате штрафцигер, и потоа да се помачите малку додека ги извадите.

Будилникот не изгледа кој знае како, но работата си ја врши подобро од било кој друг будилник кој го имам видено. Истиот може да се подеси да бара повеќе од еден математички проблем за да се исклучи, а е доволно цврст да преживее лет до зидот. Повеќе од видеaтa.

{youtube}1ajut1IglzQ{/youtube}

{youtube}4DEqV-dMTZ0{/youtube}

- Реклама -