924 милиони денари, односно околу 15 милиони евра, се предвидени во предлог-буџетот за 2020 година на основ патни и дневни расходи. Тоа претставува зголемување од околу 5.3 милиони евра, односно зголемување од околу 54.25% во однос на годинешниот буџет за оваа намена, покажува анализата на „Мета.мк“ на новиот предлог буџет на Владата.
Зголемувања има и кај сите останати ставки кои потпаѓаат под буџетската категорија стоки и услуги. Значително зголемување има кај кај ставката материјали и ситен инвертар, а сериозно зголемување, од дури 145.5 проценти, има и на планираните средства за привремени вработувања. Прочитајте ТУКА.