Еден човек тропа на вратата од собата на својот син:
„Чарли“, вели, „разбуди се!“
-„Нема да станам тато“, одговара Чарли.
Таткото повторува: „Стани, мораш да одиш на училиште“.
-„Нема да одам“, се буни Чарли. „Како прво, училиштето е досадно, учениците ме задеваат, а трето, мразам училиште“.
Татко му, му возвраќа:
„Добро, сега јас тебе ќе ти дадам три причини поради кои што мораш да одиш на училиште: како прво, тоа е твоја должност ; второ, бидејќи имаш четириесет и пет години; а трето, затоа што си директор“.
/Антони Де Мело – Будење