„Ова не е пирова победа, туку голема победа во една неправедна битка“ – изјави Владо Бучковски во своите завршни зборови пред судот, кој по 13 години донесе одбивателна пресуда и констатираше апсолутна застареност на обвинението за набавката на тенковски делови во 2001 година. На излегување од судот, Бучковски ги прозва судиите и обвинителите во случајот, кои како што рече, на негов грб и со монтиран политички случај си граделе кариери.
-„Оние кои го нарачаа делото најдоа свои соработници во обвинителството и во судството и за тоа дебело ги наградија. Значи, во 2008 година почна да гради кариера тогашната судијка Вангелина Маркудова, по нарачаната пресуда се вивна во метеорите и стана судија во Уставниот суд. Обвинителот кој тогаш беше непознат за пошироката јавност, Петар Аневски, како „награда“ за сработеното стана претседател на Советот на јавни обвинители“ – рече Бучковски, кој истакна дека оваа победа е против поранешниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена Маневска.
Тој порача дека преку неговиот случај може да профункционира таканаречениот ветинг, односно, како што рече, да бидат исчситени 5 судии и 5 обвинители поради учество во монтиран процес.
Повеќе ТУКА.