Крцкави колачи за љубителите на слатките работи.
Состојки:
200 г. брашно
лажичка прашок за пециво
100 г. шеќер
100 г. путер
1 јајце, изматено
4 лажици мармалад по избор
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и путерот додека не добиете разредена смеса. Можете да користите блендер. Додадете и јајце и добро промешајте.
Нанесете малку брашно на рацете, па тестото обликувајте го со дојаметар околу 5 см. Со нож исечете колачиња со ширина околу 2 см. Направете им на колачињата мала вдлабнатина во средината и внатре ставете лачичка мармалад.
Печете ги колачињата на тепсија со хартија за печење околу 10-15 минути, додека не пораснат и не заруменат. Почекајте да се оладат и послужете ги.
Пријатен апетит.