Брзи и вкусни предлози за здрав појадок

Постојат многу причини за тоа зошто појадокот се смета за најважниот оброк во денот, а една од нив е фактот што тој го зајакнува метаболизмот и ја осигурува потребната енергија. Списанието „Women’s Fitness“ понуди неколку корисни предлози за вашиот избор на појадок, во зависност од обврските кои ве очекуваат денес.

Кога немате многу време: Густ овошен џус (по можност да си го приготвите самите, од неколку различни овошја), или една банана.

Smoothie44
За согорување маснотии: Омлет од белки со зеленчук и месо.
Совет: Додадете и малку чили зачин за дополнително забрзување на метаболизмот.

BijeliOmlet

За мамурно утро: Овошна салата која задолжително ќе содржи лимон, цимет, и спанаќ (или некој друг зеленолистен зеленчук), и неколку лажички млеко.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

spinach-fruit-salad
За разбистрување на умот: Кајгана, сардина или пржен грав со житарици.

BeansOnToast1
За пред тренинг: Овесни житарици со свежо овошје

ZobenaKasaSVocem2

- Реклама -