Брза и вкусна пита (посно)

1. Сувите состојки за квасот се ставаат во сад во кој ќе се меси, се мешаат, се додава млаката вода и се остава да се активира квасецот.

2. Се додава маслото, шеќерот и солта, се меша и потоа постепено се додава просеаното брашно се додека да се добие меко нелепливо тесто.

3. Тестото веднаш се дели на два дела, еден поголем и еден помал.

4. Првин поголемиот дел се рассукува во кора и се става во намрсено таче бр. 28 но да има тесто од страните за правење витка.

5. Внатре тестото се премачкува со маргарин. Се мешаат кечапот и посниот мајонез и оваа мешавина се распоредува на тестото, се наросува со оригано.

6. Вториот дел од тестото се рассукува и се става во тавчето да биде со набори, се прави витката и одозгора цел зелник се премачкува со масло.

7. Се пушта рерната и штом се загрее на 200 степени, зелникот се пече 20 минути, а по потреба и уште десетина минути.

МОИ РЕЦЕПТИ

- Реклама -