Брза торта без печење

За оние кои сакаат да направат вкусно домашно слатко, во најкраток можен рок.

Состојки:

Мелени плазма, 300 г.

Мелени ореви, 50 г.

Несквик, 2 лажици

Шлаг, 4 кесеички

Цимет 1/2 лажички.

Чоколадо за готвење, 100 г.

Подготовка:

Мелените ореви и плазмата измешајте ги со циметот и несквикот, па соединете ги сите со изматен шлаг (2 кесички) и растопеното чоколадо за готвење.

Смесата сипете ја во длабока чинија, па одозгора премачкајте ги преостанатите кесички шлаг.

Прелејте со малку топено чоколадо.

Наздравје 😉

- Реклама -