Доколку случајно некогаш ви се случи да го испуштите телефонот од раце право во вода, добро ќе ви дојдат следниве трикови.
Голем дел од мобилните телефони не се отпорни на вода, па доколку дојде до „давење“ во вода, сок или некоја друга течност, не би било лошо да научите неколку техники за спас на брзинка.
1.Извадете го мобилниот телефон од водата за да ја сведете штетата на најниско можно ниво. Верувајте дека секоја секунда е важна.
2. Телефонот што побрзо исушете го со пешкир или хартија и обавезно извадете му ја батеријата.
3. Отстранете ги СИМ и мемориската картичка за да ги зачувате податоците.
4. Пробајте со правосмукалка да ја извлечете сета влага која евентуално се провлекла на недостапни места.
5. Пред вклучување почекајте барем 48 часа за да бидете сигурни дека сите електронски компоненти се целосно суви.