Брза помош со болно дете не може да се пробие низ Клинички (видео)

Паркирани возила, едно до друго, дел заглавени на среде улица, а помеѓу по некое возило за итна помош кое не може да помине и да го донесе пациентот до клиниката. Ова е секојдневната слика на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде граѓаните како прв проблем гледаат да го решат паркирањето, а дури потоа причината зошто се дојдени таму. Редици од возила ја блокираат и улицата „Водњанска“ кои чекаат ред за влез, а најдебелиот крај го влечат докторите и пациентите кои носат итен случај до одредена клиника. Се случувало непристапноста до болницата да се плати со човечки живот.

На видеото што го испратиле читатели на БИРН може да се види како едно возило на итна помош превезува тешко болно дете до Клиниката за детски болести, но возилото не може да стигне до Клиниката затоа што паркирани возила му го попречуваат патот.

Вакви случаи има безброј, велат лекари за БИРН. Лекарите сведочат дека имало случаи пациент да почине во возилото додека тоа да се пробие низ сообраќајниот хаос.

 

Повеќе прочитајте на БИРН.

- Реклама -