Брзата храна ја намалува интелигенцијата кај децата

Сигурно знаете дека брзата храна е штетна по здравјето и дека го зголемува ризикот за прекумерна телесна тежина. Но, дали знаевте дека брзата храна влијае и врз детската интелигенција?

Во Лондон било спроведено истражување во кое учествувале 4.000 деца, а резултатите што се добиени се повеќе од поразувачки.

Истражувачите направиле две групи испитаници, едната група конзумирала претежно брза храна додека другата група консумирала претежно свежа и приготвена храна. По одреден период научниците направиле IQ тест на двете групи на деца и јасно дошле до заклучок дека децата кои конзумирале брза храна имале просечно понизок IQ од оние деца кои биле на свежа и традиционално приготвена храна.

Ова е интересно истражување бидејќи предходните истражувања се базираат на влијанието на специфични состојки од исхраната и развојот на IQ, додека овде станува збор за генерално две групи на јадења кои се разликуваат меѓу себе.

Прочитајте и:  Храна која ја обновува цревната флора

Истражувачите велат дека свежата и готвената храна му помагаат на мозокот да се развива подобро и поради тоа овие деца имаат поголем IQ.  Ова е особено важно кај децата од 2 до 5 години, додаваат научниците.

Во едно од истражувањата се вели дека децата кои конзумираат брза храна имаат просечно за 2 поени помал IQ, од оние кои конзумираат свежа и готвена храна.  Затоа родители не заборавајте, свежата и приготвената храна секогаш да биде на менито на вашите деца.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -