Брза бисквит торта

Едноставна и вкусна торта која се прави многу брзо…и уште побрзо се јаде.Состојки:

500 г. мали бисквити

4 жолччки

6 лажици шеќер

4 лажици брашно

0,5 л. млеко + млеко за топење на бисквитите

1 ванилин шеќер

лажица путер.

Подготовка

1. Половината литар млеко, 4-те  лажици шеќер и путерот ставете ги да зовријат. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашното и малку млеко ( да се направи смеса која може да се претура). Во врело млеко полека сипете ја смесата со жолчките, постојано мешајќи. Гответе околу 2 минути, па потоа оставете да се олади.

2. Бисквитите стопете ги во топло млеко и редете ги, со студен фил меѓу нив. По желба можете да украсите со шлаг.

- Реклама -