Тест за тестиси

Велат дека во Античка Спарта на момчињата никако не им било лесно.

И девојчињата не воделе исполнети животни, но припадниците на машкиот пол морале да докажат дека се мажи. Тие требало да се претворат во бестрашни воини кои гледаат сурово, да маршираат со километри, да убиваат противник во секоја прилика и викат зарипнато: “Дис ис Спартааааа!” (На грчки, се разбира, англискиот не бил задолжителен).

Затоа уште од мали тие биле оставани да се борат самите со животот, а тој обично вклучувал тешки вежби, тренинзи, тепање, купишта груби учители, како и понапредни ДисИсСпарта од нив.

Солзите не се толерирале и ако на некој му текнело да заплаче, прво го фрлале од највисоката карпа, а потоа прашувале што е проблемот.

Меѓу недостатоците можеме да посочиме и дека возрасните во Античка Спарта се на опашката на современите сфаќања за добро родителство и ако постоеше Спартан Хелсиншки комитет, требаше да гладуваат од пишување жалби.

Машката чувствителност е една од најпознатите безвременски теми од Антиката до денес и сите ние порано или подоцна се потпираме до прашањето кога е нормално еден претставник на посилниот пол да заплаче, да се заљуби, да се врати дома претепан или да претепа, да се разочара од жените, да посака да иде во војска, да се дружи само со девојчиња, да си игра со кукли, да сфати дека е геј или стрејт и слично.

Не сме за тоа дека правите мажи треба да се спартанци, ниту пак светски паразити. Чувствителноста треба да ја има секој за да развие човечност и емпатија – кај некој повеќе, кај други помалку. Во продолжение тестирајте ја вашата чувствителност.

1. Машко ли сте?

А) Ова прашање ме навредува длабоко, многу длабоко;
б) Дојди надвор да дознаеш дали сум;
в) Не го разбирам прашањето. Зошто е во множина?

2. Од кој филм се чувствувате емотивно потресен?

А) Сите во кои Рајан Гослинг е вљубен (може и во себе);
б) Кога силен маж ќе ги загуби најблиските, но ќе го надмине тоа (без Бамби);
в) Од оние за кои плаќам, а излегуваат тотален промашај.

3. За што би се тепал?

А) За нешто за кое сум убеден дека нема да ме тепаат многу;
б) За сè! Имаш да ми кажеш нешто?;
в) За да можам да кажам потоа дека и јас сум се тепал.

4. Што им се допаѓа кај вас на вашите партнери?

А) Тоа дека сум човечко суштество пред сè;
б) Прво мојот бицепс;
в) Цвеќето во дневната соба. Обожава што се грижам за другите.

5. Како реагирате на сечење при бричење?

А) Го мачкам местото со лосион;
б) Не ме интересира, нека крвари. Сепак станува збор за брада, нели?
В) Се колнам дека следен пат ќе го заменам жилетот.

6. Што правите во слободно време?

А) Уживам во литературата на современите автори.
б) Тренирам во салата со другите мажи и си разговаравме за пичиња;
в) Лежам на софата во дневната соба и се прашувам дали им се допаѓам на жените доволно?

7. Каде ударот боли најмногу?

А) Во самодовербата;
б) Дојди да ти покажам;
в) Во препон.

8. Кој е човекот на твојот живот?

А) Онаа со која чувствуваме меѓусебно дека ги делиме времето и просторот;
б) Мојата женска;
в) Не знам.

9. Со кое животно би се споредил?

А) Со поларна мечка;
б) Со Пит Бул;
в) Понеделник наутро со вол, а петок навечер со свиња.

10. Со што се мери машката чувствителност?

А) Со допири и нежности;
б) Со владеење и трчање по лента;
в) Со тестови, се разбира, не е ли очигледно?

Резултати:

Ако имате најмногу одговори А, вие сте чувствителен и интелигентен човек. Им се допаѓате на вашите партнери освен кога не претерувате со непотребни драми.

Ако преовладуваат одговорите под Б, вие сте вистински мачо, жените ви се допаѓаат, но вие и без тоа се обидувате да импресионирате повеќе мажите – така си го јачате тестостеронот.

Ако имавте најмногу одговори под В, вие барем имате хумор што ништо не гарантира, освен тоа што можете да се насмеете на темата за чувствителноста на модерниот маж.

 

- Реклама -