Чајот се прави многу брзо и од лесно достапни состојки, а потребно е да пиете една шолја дневно пред ручекот.
Кога организмот се бори со недостаток од железо, најдобро е да се насочите кон здравата исхрана и природните лекови.
Доколку сте исцрпени, бледи, брзо се заморувате, лесно останувате без воздух и чувствувате малаксаност, би требало да го проверите нивото на железо во крвта, бидејќи е можно да патите од анемија.
Анемијата е често заболување на деца и жени, особено оние во репродуктивно доба. Се лечи под надзор на лекар, а природните лекови само ќе го забрзаат процесот на заздравување, затоа применете лековит ореов чај.
Потребни ви се 10 грана свежи листови орев и литар вода.
Во водата варете ги листовите околу 15 минути, а потоа исцедете ги.
Секој ден напијте се по една шолја пред ручекот и набрзо ќе ги видите резултатите, не само на лабораториските тестови, туку и генерално ќе се чувствувате подобро.