Според податоците на платформата Worldometers, вкупниот број на заразени од коронавирусот SARS-CoV-2 (кој предизвикува Ковид-19) во светот ја надмина границата од 10 милиони.
Според истата платформа, бројот на починати речиси ја достигна границата од 500 илјади. Од вкупниот број на „затворени“ случаи, оздравеле нешто над 5.4 милиони, односно 92% од вкупниот број на заразени, што значи дека процентот на починати е околу 8%.
Во моментов активни се речиси 4.1 милион случаи на Ковид-19, од кои 99% со блага или средна клиничка слика, а 1% во сериозна или критична состојба.
Најмногу потврдени случаи досега и натаму имаат САД (над 2.5 милиони) и Бразил (речиси 1.3 милиони), а зад нив се Русија (со речиси 630 илјади) и Индија (со околу 530 илјади заразени).