Со петминутно вклучување на бродските сирени и спуштени знамиња, Бродската флота на Охридското Езеро му оддаде последна почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.
Капетанот на Капетанијата на македонските езера – Горан Устијановски, во свечена морнарска униформа додека свиреа сирените, свртен кон градот, салутираше во знак на почит кон ненадејно починатиот охридски градоначалник.
На комеморативната седница по повод смртта на градоначалникот присуствуваа бројни пратеници и претставници на владата, како и премиерот Зоран Заев, но и голем број пријатели и граѓани. Загубата на Стојаноски е загуба за семејството, загуба за Охрид, но и загуба за Македонија, порача Заев. Обраќањето погледнете го на Макфакс.
Видео: Охрид 1