Will I Am и Бритни Спирс направија хип-хоп ремикс на нивната песна Scream & Shout, чиј спот беше објавен вчера.
Во ремиксот учевствуваа повеќе познати имиња меѓу кои и Diddy, Hit Boy, Waka Flocka Flame i Lil Wayne, а во спотот имаме прилика да ја видиме и Бритни во комбинација каква што досега не сме ја виделе.
Синглот Scream & Shout до сега е продаден во повеќе од 3 милиони примерока, првата верзија на спотот беше погледната преку 100 милиони пати на YouTube, и се најде на првото место на iTunes листата во преку 60 земји ширум светот.
Дали ќе биде таков случајот и со нејзиниот ремикс, ќе покаже времето.