Британско училиште забрани учениците да носат скапи зимски јакни

Иако сме на прагот на најстудените зимски месеци, директорката на гимназијата Woodchurch High School во Wirral, Англија, по консултација со родителите и учениците, ги забрани јакните од скапи брендови, како дел од концептот на „превенција од сиромаштија“ („poverty proof“) и намалување на финансискиот притисок врз семејствата со ниски приходи.

„Ние сме многу загрижени поради фактот што децата прават голем притисок врз родителите за да им купат скапи јакни и палта“, вели директорката Ребека Филипс, која преку писмо ги информираше родителите дека јакните од брендовите Canada Goose, Moncler и Pyrenex – кои чинат по неколку стотици долари – ќе бидат забранети по божиќниот распуст.

 

Концептот на „poverty proof-ing“ е идеја на добротворната организација за деца – Children North East, и во Велика Британија постои повеќе од седум години. Идејата е училиштата да преземат мерки против разните практики и политики кои би можеле да ги стигматизираат најсиромашните ученици.

Дел од тие мерки можат да вклучуваат обука на училишниот персонал за разните аспекти на сиромаштијата и нејзиното влијание врз образованието. Другиот дел од мерките, како во случајот со Woodchurch, е резервиран за мерки што училиштата самостојно би ги воведувале, создавајќи свои политики за „превенција од сиромаштија“.

 

- Реклама -