Британските научници создадоа вештачка сперма

Повеќе... За прв пат на британските научници им успеа да создадат човечка сперма во лабoраторија. Ова ги разгоре дебатите околу етичноста на тоа во иднина човечките единки да доаѓаат на свет на комплетно вештачки начин.


article-1198132-059e70eb000005dc-203_233x355.jpgНа британските научници им успеа да создадат за прв пат човечка сперма
во лабораторија. Ова ги разгоре дебатите околу етичноста на тоа во
иднина човечките единки да доаѓаат на свет на комплетно вештачки начин.

Вештачката сперма создадена во лабараторија ќе биде можност за голем број на мажи да бидат татковци на деца кои генетски се нивни, веројатно создадени само од клетките земени од нивната кожа. Ова ја зголемува можноста за создавање на човечки живот комплетно на вештачки начин дури и за малку бизарното сценарио одамна мртвите татковци да имаат деца.

Научниците од Њукасл Универзитетот се сосредоточија кон матичните клетки – „празни“ ќелии кои поседуваат способност да се претворат во друг тип на ќелии. Биологот Karim Nayernia создаде коктел од хемикалии и витамини кои ги претвораат човечките матични клетки во сперма. Матичните клетки беа земени од ембрион, но професорот се надева да се
повтори успехот со клетки земени од кожата на маж. Овие клетки најпрво
ќе бидат изложено на микстура која ќе го врати назад нивниот биолошки
часовник да состојба на ембрион, пред тие да бидат трансформирани во
сперма.

Видени преку микроскоп, вештачки создадените сперматозиди изгледаат како и природните и професорот Карим Најернија е убеден дека тие ќе бидат способни да ги оплодат јаце-клетките и да создадат живот. Меѓутоа, научниците ќе мора да почекаат за да видат дали вештачки создадената сперма може да оплоди јајце-клетка, бидејќи таквите експерименти во Британија се забранети.

Спермата добиена на вештачки начин може да открие многу за причините за неплодноста и да води кон нови решенија за лекување на истата. Но, од друга страна, ова го отвора и прашањето за етичноста на создавањето живот на вештачки начин. Според проф. Најернија: „Ова е Јура Парк сценарио. Во теорија ова би можело да биде изводливо, но размножувањето кај луѓето не е само биолошки процес. Мора да ги земиме во предвид и психолошкиот, социолошкиот и етичкиот момент.“

Тимот од Њукасл проба да создаде сперма од матичните клетки од женски ембрион, но не успеа, што сугерира дека  мажите секогаш ќе имаат важна улога во создавањето на нов живот. [Ethical storm flares as British scientists create artificial sperm from human stem cells]

- Реклама -