Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на тестот за коронавирус, објави BBC, а потврди и тој самиот на својот Твитер профил.
Засега, вели, има само благи симптоми.
„Имам температура и кашлица. На совет од докторите се тестирав и сум позитивен. Во самоизолација сум, работам од дома и во постојана комуникација сум со своите соработници во борба против коронавирусот. Не грижете се, заедно ќе го победиме ова. Само останете дома и така помогнете им на нашите прекрасни лекари“, рече Џонсон во обраќањето.
Over the last 24 hours I have developed mild symptoms and tested positive for coronavirus.
I am now self-isolating, but I will continue to lead the government’s response via video-conference as we fight this virus.
Together we will beat this. #StayHomeSaveLives pic.twitter.com/9Te6aFP0Ri
— Boris Johnson #StayHomeSaveLives (@BorisJohnson) March 27, 2020