Британскиот актер Иан Меккелен закрепнува по падот од сцената


Британскиот актер, 85-годишниот Јан Меккелен падна од сцена во Лондон среде претстава и закрепнува откако беше пренесен во болница, изјави портпаролот на театарот за BBC во вторникот.

Меккелен го глуми Џон Фалстаф во претставата „Player Kings“ заснована на „Хенри IV“ на Вилијам Шекспир, во театарскиот лондонски кварт Вест Енд.

Во сцената со тепачка во текот на настапот во понеделникот вечерта, Меккелен ја загубил стаболноста и паднал од предниот дел на сцената, додека персоналот му пришол на помош, извести BBC.

Претставата беше откажана и тој беше однесен во болница. „Тој е во добро расположение“ и се очекува „брзо и целосно да закрепне“ и да се врати на сцената во среда, изјави портпаролот на театарот.

Меккелен е најпознат по улогата на Гандалф во филмските адаптации на „Господарот на прстените“ и „Хобити“, а исто така го глумеше Магнето во филмовите за X-Men.

Неговата театарска кариера датира од 1961 година кога ги играл Ричард Трети, Кралот Лир и Магбет.

- Реклама -