Британски медиуми: Ирански командант е во Либан за да координира можна поширока конфронтација со Израел

Командантот на иранските експедициски сили Кудс во Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Есмаил Каани, се вели дека е во Либан за да координира можна поширока конфронтација со Израел.

Според британските медиуми, Каани пристигнал во Бејрут еден ден по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и оттогаш е таму, со исклучок на посетата на Техеран од 16 до 20 октомври за консултации.

Во текот на изминатите десет дена, Каани се состанал со водачите на палестинските терористички групи, како и со раководството на Хезболах, на кои им ги пренел пораките од иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иранските прокси групи во Либан, Сирија, Ирак и Јемен се обвинети дека извршиле напади против Израел и американските војници стационирани во регионот.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Безбедносните извори велат дека додека силите Кудс ги координираат сојузниците на Иран на Блискиот Исток во „соба за заеднички операции“, лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, има моќ да одлучува за нападите од Либан против Израел.

МИА

- Реклама -