Британската амбасадорка за Мијалков: Многу е важно ваквите случаи да бидат целосно комплетирани

„Сметам дека е исклучително важно да се совлада корупцијата во земјата и да се изгради довербата на луѓето во владеењето на правото, а тоа значи да се види дека некои од овие големи случаи, за кои сите сме свесни и се постојано во вестите, да бидат спроведени до целосно комплетирање, за да можат луѓето да имаат верба дека овде постои правда и истата е задоволена“, истакна британската амбасадорка во земјава – Рејчел Галовеј, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Мијалков и дали сѐ она што се случи ја покажува слабоста на системот, или како што рече премиерот Заев – токму спротивното, односно способноста и подготвеноста на системот да се справи со вакви случаи.

Во сличен контекст, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека одговорно тврди дека немало никаков договор ниту преговарање со Мијалков, изразувајќи увереност дека во петок, за кога е закажано изрекувањето на пресудата во предметот „Таргет-Тврдина“, токму пресудата ќе го потврди тоа.

- Реклама -